
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Легализација на канабисот, но со строга контрола
Правниците сметаат дека декриминализацијата или легализацијата на канабисот во Македонија може да се спроведе, но не по секоја цена СКОПЈЕ — Употребата и одгледување на канабис во Македонија може и треба да се декриминалзира и легализира, особено кога станува збор за медицински цели. Но, за да се случи тоа потребна е широка и темелна дебата

-
Судијата Туфегџиќ предлага измени на ЗКП за да се спречи одолговлекување на постапките
Судијата Владимир Туфегџиќ предлага измени на Законот за кривична постапка, со кои ќе се спречи непотребното одолговлекување на судските рочишта при промена на член на судечкиот совет. Од Основниот кривичен суд информираат дека бил одржан колегиум на судии пред неколку дена и била прифатена иницијатива во врска со измени на Законот за кривична постапка. Оваа

-
Туфегџиќ: За мене е неприфатлива политичката еуфорија и триумфализмот по пресудата за Мијалков
Ние како судечки совет сметаме дека нашата одлука е правилна и праведна, вели судијата Владимир Туфегџиќ кој беше дел од судечкиот совет кој му ја изрече казната затвор од 12 години на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков за случјаот „Таргет-Тврдина“, во интервју за емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24. Тој вели дека за

-
Осудени професори од Економски факултет за барање противуслуги за положување испит
Професорите на Економскиот факултет во Скопје, Славе Ристевски и Драге Јанев. се осудени на 2,5 а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението. Судечкиот

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



