
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Туфегџиќ за НОВА: Пронајдените докази на местото на несреќата на Младенов од страна на новинарите на “Нова Македонија” и од Јадранка Костова, треба да се достават до надлежните институции
Пронајдените докази на местото на несреќата на Никола Младенов од страна на новинарите на “Нова Македонија” и од Јадранка Костова, главната уредничка на “Фокус”, треба да се достават до надлежните институции: јавен обвинител, МВР или до истражен судија и подоцна ќе биде одлучено дали тие докази се релевантни и влијаат врз истрагата, изјави за НОВА

-
Туфегџиќ: Крај на обвинителската кариера на Русковска и девастирани институции
Конфликтот помеѓу првите луѓе на двете клучни институции задолжени за борба против криминалот и корупцијата добива свој логичен тек имајќи го предвид пред се интензитетот на конфликтот во јавноста. Повеќе од очигледно е дека недоразбирањата, несогласувањата како и нивото и интензитетот на личниот конфликт помеѓу првите луѓе на овие институции не датираат од вчера туку

-
Нотарските изјави на опозициските пратеници се ништовни, смета Туфегџиќ
Нотарските изјави што ги потпишаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ништовни и не произведуваат правно дејство, смета адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е поранешен судија. „Не знам кој ве советува во однос на изјавите што ги заверувате на нотар, но знам дека советникот требало да ви каже дека таквите изјави се ништовни од причина што во изјавата

-
Судски совет го разреши судијата Владимир Туфегџиќ кој сам побара да си замине од кривичен во Скопје
Разрешување на судијата од основниот суд Скопје 1 Владимир Туфегџиќ било и една од точките на денешната седница на судскиот совет. Членовите го дале својот глас по предлогот за престанок на функцијата судија. Владимир Туфегџиќ претходно го најави своето заминување и побара од судскиот совет да го ослободи од функцијата судија за да може да

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



