
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Владимир Туфегџиќ побарал од декември да не биде судија: Се губи смислата за понатаму, ако нема напредување во кариерата
Судијата во Кривичниот суд, Владимир Туфегџиќ се повелкува од функцијата и побарал од Судскиот совет, од декември, повеќе да не ја извршува. Тој смета дека донесената одлука е исправна и образложува дека ако не напредува во кариерата поради нарушен систем на вредности, тогаш се губи смисла да се продолжи понатаму. “Судската функција ја доживувам како

-
СУДИЈАТА ТУФЕГЏИЌ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ БАРА ДА ГО ПОНИШТИ ОГЛАСОТ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1
Судијата Владимир Туфегџиќ, кандидат за претседател на Основниот суд Скопје 1, ќе ја повлече кандидатурата, ако Судскиот совет не го поништи огласот за избор на претседател на Кривичниот суд, потврди Туфегџиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК . „Мене ми е повредена еднаквоста и рамноправноста. Не може во јули да се изберат претседатели, а во септември судии на апелационите

-
СЛУЧАЈОТ МИ ГО ДАДОА 20 ДЕНА ОТКАКО СЕ СЛУЧИ ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО, ТВРДИ ТОГАШНИОТ ИСТРАЖЕН СУДИЈА ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ
Судијата од Основниот суд Скопје 1 Владимир Туфегџиќ, кој ја водеше истрагата за петкратното убиство кај Смилковското езеро, за САКАМДАКАЖАМ.МК открива дека нему предметот му бил даден дури по 20 дена откако се случил крвавиот настан на 12 април 2012 година. Откако обвинителката Љиљана Спасовска вчера од Врховниот суд изненадувачки побара да ги укине пресудите

-
Комплекс на пропусти и одговорности за пожарот во тетовската болница
Кој ќе одговара за фактот дека дефибрилатор бил вклучен на продолжен кабел, потоа зошто немало прегради за да се успори огнот, како и тоа дали имало противпожарни апарати се прашањата кои произлегоа од првичните сознанија за истрагата за пожарот во ковид болницата во Тетово. Првичните сознанија од истрагата за пожарот во ковид болницата во Тетово

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



