Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ

Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.

-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.

-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.

Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.

-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.

-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.

-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.

-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.

-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.  

-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.


Најнови објави


  • Туфегџиќ: Лицето имало статус на заштитен сведок пред објавувањето на текстот на Кежаровски

    Вторник, 4 јуни 2013 – Истражниот судија во случајот „Ликвидација“ во текот на постапката има обврска по службена должност да ја преиспитува одлуката за притворот на новинарот Томислав Кежаровски од весникот Нова Македонија, кој беше приведен за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, изјави денеска истражниот судија Владимир Туфегџиќ должен за односи со јавност

    Read more

  • Туфегџиќ: Обвинителството да отвори финансиска истрага за трошењето на буџетски пари во СЈО!

    По денешната информација на „Призма“ дека поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева земала вкупно 157.000 евра, како додаток, надвор од редовната плата, податок кој досега се класифицираше како таен, со реакција се јави судијата Владимир Туфегџиќ, објавува Фокус. -Благодарение на новата апликација на Министерството за финансии, јавноста дозна за исплатените плати и додатоци на плати на

    Read more

  • ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ: Панчевски да замине за да се врати авторитетот на Кривичниот суд

    Конфликтноста во Скопскиот  суд ќе се смири ако се поништи постапката за избор на нов Претседател на Кривичниот суд. Како еден од тројцата претенденти Туфегџиќ ќе ја повлече својата номинација. “Очекувам В.Д претседателот да ја врати работната атмосфера, толеранцијата, да ги нормализира и релаксира меѓучовечките односи внатре во Кривичниот суд со уважување на професионалниот и

    Read more

  • Скопје го уништија новокомпонирани градежници што градеа “трла”

    Скопје е до таа мерка деформирано и демолирано што ниту една нова градба не може повеќе да го нагрди. Тоа ти е исто како на ауто со дупки од корозија да му ставиш браници од Мерцедес, останува исто ружно. Скопје го уништуваат во континуитет 25 години луѓе кои во овој град гледале само свое место

    Read more


Видео интервјуа и изјави


Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд

Туфегџиќ: Целата постапка за „Монструм“ е видеоснимена
Владимир Туфегџиќ за сообраќајната незгода на Никола Младенов
Владимир Туфегџиќ за подготовката на законот за помилување
Туфегџиќ: Законот за легализација полн со недостатоци
Истрагата околу одговорноста за тетовската болница е далеку од готова
Интервју со Владимир Туфегџиќ судија во Кривичниот суд

Социјални медиуми
Контактирајте нѐ

vlada_tufegdzic@yahoo.com
+389 70 235 485

Посетете нѐ на:

ул.Руди Чајавец бр.19/2-6 Скопје