
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Независните листи за советници се добар почеток
На овие локални избори шансите на кандидатите од независните листи да остварат позитивен резултат се минимални бидејќи е воспоставен долгогодишен “дефектен” систем на врзани садови на изботниот процес воопшто, на локално и државно ниво. Систем, во кој исходот од изборите, односот на силите, зависи исклучиво од претходно договорениот должнички-доверителен однос на коалиционите “владетели” и “суверени”

-
Да сум градоначалник на Центар, со повеќе мерки, би ги ослободил тротоарите
Поинаков режим за паркирање Проблемите во сообраќајот во целиот град и општина Центар не можат да се решаваат со времени решенија на секоја градска и општинска власт, без притоа да се направи серизна и трајна ревизија и анализа. Тротоарите мора да се вратат на пешаците и недозволиво е истите да се претвораат во паркинг простори.

-
Ќе гласам за оној кој 6 месеци пред крајот на мандатот нема да почне да гради
Два месеци пред локалните избори улиците во Скопје масовно се реконструираат и се прават големи градежни зафати на повеќе локации во повеќе Општини. Што се однесува до избирачите, тие на некој начин се навикнуваат на ваквата состојба, неколку месеци пред локалните избори, која состојба редовно се повторува пред секој нов изборен процес на локално ниво.

-
Туфегџиќ: Во постапката е заобиколен судот
УФП поднесе кривична пријава против обвинителите, а колку што ми е познато не го искотисти законското право да ја оспори законитоста на претресот во судската постапка во делот на судската контрола на законитоста, иако во јавноста изнесе низа приговори во смисла на процесни процедури при претресот. На тој начин овој судир се повеќе добива димензии

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



