
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Порашениот судија Туфегџиќ цени дека премиeрот Заев ја компормитира истрагата за трагедијата во тетовската болница
Премиерот Зоран Заев, со денешната изјава ја компромитира истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, тврди Владимир Туфегџиќ, долгогодишен судија и од неодамна адвокат откако се повлече од позицијата судија во одделението за организиран криминал на Основниот кривичен суд во Скопје „Недозволиво е во правна држава заради политички цели

-
Досега сме имале седум закони за помилување
Дали ограничувајќи ги дискрециските овластувања на министерот за правда и претседателот на државата, предлагачот и законодавецот сакаат да ја зајакнат или вратат нарушената доверба во институциите. Поточно, дали со предложените измени законодавецот сака да се намали рисизот во иднина да не се создаде конфузна ситуација како со помилувањата од минатото кои се предмет на оценка

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



