
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Туфегџиќ е фаворит за претседател на Апелација?
Иако стартната позиција на конкурентката Лилјана Шопова остава впечаток дека таа може да се смета како главен играч, со оглед дека во моментов ја извршува функцијата претседател на апелација, сепак низ судството повеќе се лицитира со името на Туфегџиќ. По пензионирањето на претседателката Љупка Арсениевска во нејзината фотелја привремено седна Шопова, судијка од апелација, до моментот додека Судскиот совет

-
Владимир Туфегџиќ: Нам ни се потребни „шарени револуции“ во континуитет!
До неодамна судија, а по ново адвокат. Владимир Туфегџиќ помина 14 години во Кривичниот суд по што реши самиот да ѝ стави точка на судиската кариера и да премине во адвокати. Разочаран од неможноста за напредок по судските скалила, вели дека предизвикот го гледа во адвокатурата. Тој открива дали имал притисоци кога му судеше на

-
Иницијатива за измени и дополнување на Законот за кривична постапка
Основниот кривичен суд Скопје, по одржан колегиум на судии на 18.12.2019 година, интегрално го објавува предлогот на судијата Владимир Туфегџиќ, прифатен од Претседателот на судот, за иницијатива за измени и дополнување на ЗКП. Во однос на веќе воочени пречки за постапување во одредени предмети кои доведвуаат до непотребни одолговлекувања на постапките, а кои не се

-
Судијата Туфегџиќ бара обвинителите да реагираат по допрен глас по сведочењето на Богоевски во „Таргет-Тврдина“
Ексразузнавачот, како еден од прислушуваните, зборуваше дека има докази како судии и обвинители биле на средби со бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, и од нив се барало да издаваат наредби и да носат одлуки со кои имало злоупотреби Судијата Владимир Туфегџиќ, кој е втор судија во советот за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, побара

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



