
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Личниот конфликт посилен од борбата против криминалот и корупцијата
Суспензијата на Русковска нема да се одрази на работата на ОЈО и на Обвинителство со кое таа шефуваше. Постапките продолжуваат со несмален интензитет, велат за РСЕ од Јавно обвинителство. И Финансиска полиција ќе добие нов шеф за да не трпи инситуцијата. Во спорот меѓу двете институции кои се борат со корупција и криминал, настрада нивниот

-
Скопска „единица“ ветува поголема транспарентност во работењето
02.11.2009 Основен суд Скопје 1 како најголем кривичен суд во државава и во кој се постапува по предмети што се однесуваат на организираниот криминал и корупција во скоро време планира комплетно отворање не само кон јавноста, туку и кон граѓаните. Веќе еден месец во скопска „единица“ се преземаат одредени активности за отворање канцеларија за односи

-
Туфегџиќ: Он-лајн судењата во Србија функционираат беспрекорно, Министерството за правда нека ја разгледа оваа можност
Владимир Туфегџиќ на сојот фејсбук профил напиша дека во Србија Владата дозволила судењата да се одвиваат он-лајн.

-
Туфегџиќ: Судирот Русковска – Муареми ќе има сериозни последици врз многу предмети
Овој конфликт доби една доза на личен конфликт меѓу првите луѓе кои се задолжени за борба против корупцијата и криминалот. Во таа смисла секако ќе има сериозни последици. Државните органи не треба да остават ова прашање да остане нерешено, вели адвокатот Владимир Туфегџиќ.

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



