
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ: 24 Отворено со Младен Чадиковски
Притиснете овде за линк од интервјуто

-
Измени на ЗКП: Судењата повеќе нема да се одолговлекуваат поради смена на судија или поротник
Пред две години, тогашниот судија а сега адвокат Владимир Туфегџиќ, предлагаше да се направат измени во Законот за кривичната постапка (ЗКП), а се со цел да не се одолговлекуваат предметите во случај кога се менуваат членовите на судечкиот совет. Поради ваквото законско решение, при смена на судија или поротник, досега се случувало многу предмети да…

-
Дојдоа, видоа, заминаа, што сега?
Поранешниот долгогодишен судија во Одделението за борба против организираниот криминал и корупција, а сегашен адвокат, м-р Владимир Туфегџиќ, одличен познавач на меѓународноправната материја за справување со корупцијата, во својата колумна за „Нова Македонија“, „Дојдоа, видоа, заминаа, што сега?“, отворено дискутира за доаѓањето на американскиот тим за санкции и борба против системската корупција. Од своето долгогодишно…

-
Се уште трае распитот пред истражен, еден од приведените пренесен во болница
Во основниот Суд Скопје еден се уште трае распитот на приведените управители на фирмите од Перо Наков.Според информациите, досега исказ пред истражниот судија Владимир Туфегџиќ имаат дадено половина од приведените.Околу 18 часот еден од приведените со екипа на Брза помош беше пренесен на болница поради влошено здравје.Досега се приведени 16 лица, меѓу кои сопственикот на…

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



