
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Ќе повлече ли сидрото напред?
Еуфорично најавуваната револуционерна борба против корупцијата и криминалот во 2015 година не само што не даде никаков резултат туку токму водечките борци против заробената држава, кои подоцна станаа функционери на власта, дозволија надградба на коруптивните модалитети до совршенство, па денес не може да се препознае што е легално, а што нелегално. Во таа борба против

-
Туфекџиќ за Меѓународен сојуз: Никаде во пресудата нема да го најдете она што е важно, суштествено
„Никаде во пресудата нема да го најдете она што е важно, суштествено. Нема доволно образложение за учество на лицата од политиката, како што се Фросина Ташевска-Ременски и Александар Кирацовски… И сега се поставува прашањето каква оценка направил првостепениот суд на доказите, за да најде само кај Бојан Јовановски дека се остварува законското битие на кривичните

-
Укината пресудата за Боки 13 и Меѓународен сојуз, потврдена ослободителната за Фросина Ременски – Апелација одлучи по жалбите
Укината пресудата за „Меѓународен сојуз“, каде обвинет и осуден беше Бојан Јовановски-Боки 13. Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фрозина Ташевска-Ременски. Ваквата одкука доаѓа поради суштествени повреди, а по жалбите кои беа поднесени од обвинетите. Ова е линкот до целосната статија.

-
Кому му прекипи
Читајќи ги изјавите на политичките фактори кој кому и зошто му должи, се наметнува логичен заклучок дека во последните 25 години е создаден систем на легализирана политичка корупција како форма за намирување на политичките коалициски должничко-доверителски односи Ова е линкот до целосната изјава

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



