
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
МАКЕДОНИЈА БАРА ПРАВДА И НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА СТОРИТЕЛИТЕ
Како продолжува постапката за осомничените? Разговараме со адвокат м-р Владимир Туфегџиќ, поранешен судија. Притиснете овде за линк од интервјуто.

-
„Топ тема“ со Драган Малиновски и Владимир Туфегџиќ
Притиснете овде за линк од интервјуто.

-
Судијката Ристова бара Врховен да го укине изборот на 8 судии за Апелација
Судијката Оља Ристова од Кривичниот суд која минатиот месец не беше избрана во скопска Апелација, побара од врховните судии да го укинат изборот и постапката да се повтори. Пред жалбениот совет во највиоскиот суд, објасни дека одлуката, со која како трето рангирана не беше избрана а судии со помалку бодови од неа добија поддршка од

-
Топ Тема (13.02.2024)Хаос предизвикан од Преспанскиот договор или од институционална немарност?
Во Топ Тема Боби Христов дебатира со универзитетскиот професор Денис Прешова и адвокатот Владимир Туфегџиќ. Како се случи масовен „притвор“ на простор од 25 илјади метри квадратни на илјадници македонски граѓани без нови пасоши? Валидни, а неважечки сообраќајни дозволи, регистарски таблички … Хаос предизвикан од Преспанскиот договор или од институционална немарност и неодговорност? Кој ќе

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



