
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
Претрес“ на Туфегџиќ: Убиството на Вања и улогата на таткото, детали за „Монструм“
„Претрес“ на Туфегџиќ: Убиството на Вања и улогата на таткото, детали за „Монструм“, прислушувањето и Мијалков, за „Еразмус“, „Софтвери“… Притиснете овде за линк од интервјуто.

-
Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа.
Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. На обвинителната клупа за прв пат заедно седнаа Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишов, Александар Ѓорчевски, но и Љупчо Палевски, првоосомничен како планер и реализатор на убиствата. Зорица Ѓорчевска, мајка на Вања преку нејзиниот полномошник поднела барање до Обвинителството јавноста да биде исклучена

-
АРГУМЕНТ ПЛУС – Разговор со Владимир Туфегџиќ
Притиснете овде за линк од интервјуто.

-
Охриѓанец неколку пати пријавуван за семејно насилство, го добил старателството врз синот
Линк од репортажата може да најдете овде.

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



