
Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ
Долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Адвокат м-р Владимир Туфегџиќ е долгогодишен адвокат и судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје со непрекината кариера во судството од 01.04.1995 година.
-Кариерата ја започнува како адвокат од 01.04.1995 година.
Од 11.02.2008 година до 01.10.2021 година, како избран судија, постапува во исклучително сложени кривични предмети кои биле предмет на интерес на јавноста, како истражен судија, судија на претходна постапка и судечки судија во оделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд Скопје до 01.10.2021 година кога по сопствено барање кариерата ја продолжува како адвокат, специјализиран за казнено право.
-Долгогодишен судија-задолжен за односи со јавност и добитник на престижна награда УСАИД како најдобар портпарол на суд за 2010 година.
-Остручен и обучуван за постапување во кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупција, трговија со луѓе и наркотици во САД и ИЛЕА Будимпешта.
-Магистер по казнено право на тема ” Спогодување за вина” од 2018 година.
-Долгогодишен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ на теми од казнено и процесно право.
-Долгогодишен активен член на Здружението на судии на РСМ.
-Учесник во бројни работни групи и предлагач на законски измени од областа на казненото право.
Најнови објави
-
„Очекувано не можам да преземам вина..“ – Симонида Црвенкова
„Очекувано не можам да преземам вина затоа што е комплетна невистина односно сигурна сум дека јас лично и мојот адвокат дека ќе ги побиеме сите овие невистини кои се изнесени против мене како доктор кој што и не знае друго освен да лечи други… “ Линк од целосната вест.

-
Владимир Туфегџиќ – адвокат на Татјана Димитровска
По однос на поднесеното обвинение истото е проблематично по повеќе основи. Имено, споделените информации немаат карактер на службена тајна од причина што се работи за одлуки донесени во 2022 и 2023 година, водени транспарентно и јавно при што седниците се пренесувани на „youtube“ каналот со претходно информирање на медиумите и одлуките се достапни на веб

-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
Обвинителството е убедено дека дејствијата кои Димитровска ги презела го сочинуваат делото – оддавање на службена тајна. Но одбраната го тврди спротивното. За адвокатот Владимир Туфегџиќ одлуката на судот да не се спојат двата предмети е исправна и смета дека Димитровска воопшто не му оддала службена тајна на Небојша Стојановиќ кој е обвинет во „Адитив“.

-
Пинџур-демократија
Реално, самите сме виновни за сѐ што ни се случува во однос на ЕУ, бидејќи во клучните моменти не покажавме зрелост, карактер и единство како народ и држава.Претставничката на ЕУ Марта Кос, во нежна варијанта, гласно ни ја кажа вистината за сите наши колективни заблуди во кои живееме веќе неколку децении.Таа ја кажа гласно правата

Видео интервјуа и изјави
Меѓународната заедница вложи многу средства и време за промени во судството, но под влијание на надворешни и внатрешни ретроградни сили, се спречува напредување на судиите според професионалноста – вели за ТВ 24 адвокатот Владимир Туфегџиќ, поранешен судија во Основниот кривичен суд



