Владимир Туфегџиќ – адвокат на Татјана Димитровска

По однос на поднесеното обвинение истото е проблематично по повеќе основи. Имено, споделените информации немаат карактер на службена тајна од причина што се работи за одлуки донесени во 2022 и 2023 година, водени транспарентно и јавно при што седниците се пренесувани на „youtube“ каналот со претходно информирање на медиумите и одлуките се достапни на веб страната на ДКСК. Додека пак, за безбедносниот сертификат сметам дека постапката во делот на тестот е формална, а суштинска е проверката од АНБ која влијае на конечната одлука и евентуален ненамерен пропуст не значи инкриминација или обележје на кривично дело.

Линк од целиот текст.