Ќе повлече ли сидрото напред?

Еуфорично најавуваната револуционерна борба против корупцијата и криминалот во 2015 година не само што не даде никаков резултат туку токму водечките борци против заробената држава, кои подоцна станаа функционери на власта, дозволија надградба на коруптивните модалитети до совршенство, па денес не може да се препознае што е легално, а што нелегално. Во таа борба против корупцијата и криминалот судството достигна историско ниво на доверба од едвај 3 проценти, а специјалното јавно обвинителство стана предмет на политички отстрел. Како вовед во ова историско ниво на доверба од 3 отсто беше формиран Совет за реформи во судството во кој беше нормално премиерот да биде претседател на советот и никој не најде дека тука има конфликт на интерес и директно влијание врз судството. Напротив, во тоа време тоа беше поздравено со овации и се сметаше како нешто револуционерно и најнормално, дури и авангардно решение со кое, ете, премиерот презема одговорност за состојбите во судството.

Ова е линкот до целоснта изјава.