Два месеци пред локалните избори улиците во Скопје масовно се реконструираат и се прават големи градежни зафати на повеќе локации во повеќе Општини. Што се однесува до избирачите, тие на некој начин се навикнуваат на ваквата состојба, неколку месеци пред локалните избори, која состојба редовно се повторува пред секој нов изборен процес на локално ниво. Забелешките, тензиите и нервозите поради кампањнски затворените и раскопани улици, тротоари и собраќајници станаа секојдневно нормално миље на градското живеење на плус 40.
Од тие причини мој избор ќе биде програмата на Градоначалник што ќе предвиди дека во последните 6 месеци од мандатот нема да започнуваат со сложени и големи градежни зафати и реконструкции на улици, туку ќе ги доврши веќе започнатите активности на почетокот од последната година од мандатот. Сметам дека ова е неопходно за да колку толку можеме да го видиме континуитетот во работењето на градоначалникот во текот на целиот мандат, за да можеме да направиме јасна дистинкција на сработеното и несработеното. Ова е потребно за да се стави крај на лажните, празни, нерални и неисполнети предизборни ветувања и кампањското, масовно реконструктивно предизборно трчање на гласови.
Активностите на старо-новите градоначалници, кои во последните два месеци ги гледаме на терен на повеќе локации во градот, мотивирани пред се заради трка за гласови, активности кои значат реконструкција и поголеми градежни зафати, не значи ништо друго освен дека истите мандатниот период од 3 години и 10 месеци го потрошиле без било каква суштинска и значајна активност за општото добро. Зошто се немало време и визија за нови локални проекти, дури и да не биле ветени? Зошто старо-новите градоначалници не правеле вакви сложени градежни зафати и реконструкции 3 години и 10 месеци? Дали старо-новите градоначалници треба на електоратор, од кој ќе бараат нов кандидат, да им ги објаснат причините за ова во новата старо-новата изборна кампања?
Ако старо-новите градоначалници после 3 години и 10 месеци мандат, прво чекаат да видат дали ќе добијат поддршка од политичката база па дури тогаш да се фрлат на работа со реконструкции на улици и големи градежни зафати, тогаш и јас имам време да чекам кандидат за градоначалник кој во својата програма ќе превиди дека 6 месеци пред истекот на мандатот нема да започнува големи градежни зафати и реконструкции. Само на тој начин ќе имаме јасна слика и пресек на активностите на градоначалниците како избирачи. Ако се немало време и идеја тоа да се направи за 3 години и 10 месеци, тогаш за два месеци пред истекот на мадат не мора ништо да прави.
