Во основниот Суд Скопје еден се уште трае распитот на приведените управители на фирмите од Перо Наков.Според информациите, досега исказ пред истражниот судија Владимир Туфегџиќ имаат дадено половина од приведените.Околу 18 часот еден од приведените со екипа на Брза помош беше пренесен на болница поради влошено здравје.Досега се приведени 16 лица, меѓу кои сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски. Во акцијата која што полицијата ја нарече „Пајажина“ се осомничени вкупно 23 лица, од кои седум лица се недостапни за полицијата.Уапсените се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари. Според органите на прогонот, десет фирми нелегално заработиле околу 18 милиони евра, а со неплаќањето на данок државниот буџет го оштетиле за околу 4 милиони евра.Пред неполн месец телевизијата А1 објави дека полицијата извршила упад во нивните простории без да објасни за што се работи. Главниот и одговорен уредник Младен Чадиковски изјави дека вработените буквално биле заробени и не им било дозволено да влегуваат и излегуваат од дворот на телевизијата.Од МВР тогаш ги демантираа тврдењата на А1 дека им било оневозможено движењето на вработените. МВР тврдеше дека полицијата не извршила упад во телевизијата и дека не се работи за акција, туку за асистенција на финансиската полиција и на екипа на УЈП кои требало да извршат увид во работењето на фирми на сопственикот Велија Рамковски, кои се наоѓаат на истата адреса со телевизијата А1.
Се уште трае распитот пред истражен, еден од приведените пренесен во болница
