Да сум градоначалник на Центар, со повеќе мерки, би ги ослободил тротоарите

Поинаков режим за паркирање

Проблемите во сообраќајот во целиот град и општина Центар не можат да се решаваат со времени решенија на секоја градска и општинска власт, без притоа да се направи серизна и трајна ревизија и анализа. Тротоарите мора да се вратат на пешаците и недозволиво е истите да се претвораат во паркинг простори. Тоа може да се реши со воспоставување на еднонасочен режим на сообраќај и обезбедување на паркинг места на една страна од коловозната лента, особено на потегот во Дебал Маало каде што и по закон дозволената брзина е 30 километри на час. Имајќи ја предвид таа дозволена брзина на движење со моторните возила во овој дел од центарот на градот и широчината на коловозните ленти, сметам дека обезбедувањето паркинг места на едната страна на коловозната лента е сосема доволно и безбедно решение за паркирање на возилата.